За нас

Тим Шпед ЈВТ Дооел Скопје е основано во 2012 година како друштво за транспорт и логистика. Нашата мисија е организирање целосна логистичка поддршка во областа на транспортот.

Нашата компанија има професионално обучени вработени кои се ангажирани за организирање на транспорт и логистика од секаков вид.

Приоритет на нашата компанија е друмскиот транспорт за кој имаме сопствени возила, но исто така соработуваме и со голем број на транспортери во земјата и надвор од нашата земја, каде предноста ја даваме на нашите  клиенти со целосна логистичка поддршка. Во соработка со нашите партнери, ние исто така нудиме организација на бродски транспорт низ целиот свет

Наши услуги

Редовни транспортни линии и збирни пратки од Македонија, Турција и Косово до сите Европски земји и обратно;

24 часовна комуникација со возилата;

GPS позиционирање и следење на возилата во секое време;

Комплетно ЦМР осигурување за сите возила;

Одлична комуникација со нашите соработници;

НИЕ СМЕ ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР ПОРАДИ ТОА ШТО:

  • Со секој клиент градиме правичен и партнерски однос;
  • Ви овозможуваме брза и сигурна услуга, по исклучително конкурентни цени;
  • На располагање сме Ви 24 часа, 7 дена во неделата, мотивирани да одговориме на сите Ваши логистички потреби и да Ви понудиме решенија скроени по Ваша мерка;
  • Во чекор сме со технолошкиот развој – опремени сме со најсовремен возен парк, опрема, компјутерски системи и софтверски решенија;
  • Секој ден учиме, се развиваме и вложуваме во нашата експертиза.

Наши вредности

Тим

Нашиот фокус е на луѓето. Од таа причина, со нашите клиенти, соработници и вработени развиваме стабилен и долгорочен професионален и личен однос, заснован на взаемна доверба и разбирање. Ја цениме тимската работа и соработката, и веруваме дека заедничкиот труд и залагање е клучниот фактор за секој деловен успех.

Квалитет

Флексибилност, љубезност, ефикасност и квалитетот на советите и услугите претставуваат императив на нашата компанија. Сите наши вработени имаат обврска да испорачаат највисок квалитет на професионална услуга.

Иновација

Континуирано размислуваме за иновациите и примената на современи трендови во сите сегменти на нашето работење

Одговорност

За нас, општествената одговорност значи континуиран придонес кон зачувување на животната средина, учество во хуманитарни акции, како и грижа за клиентите, соработниците и вработените.